London Eye |
Лондонското око, познато и како Милениумско тркало, е огромно панорамско тркало на Саут Бенк на Реката Темза во Лондон, Англија. Неговото оригинално официјално име беше Лондонско око на Бритиш ервејз, потоа Лондонско око на Мерлин ентертејнмантс и од 20 јануари 2011 година, Лондонско око на ЕДФ Енерџи што следи во тригодишниот договор за спонзорирање.
Целосната градба е висока 135 метри, а тркалото има дијаметар од 120 метри. Во моментот, Лондонското око е највисокото тркало во Европа,најпознатата платена туристичка атракција во Обединетото Кралство со над 3,5 милиони посетители годишно и атракција која придонесе многу за изгледот на градот.
Откако беше изградено во 1999 година, тоа беше највисокото панорамско тркало во светот, сè додека во 2006 година, за прв пат не го надмина Ѕвездата Нанчанг со 160 метри, а потоа во 2008 година, Сингапур Флајер со 165 метри. Потпрено со A-рамка само на едната страна, за разлика од повисоките тркала Нанчанг и Сингапур, креаторите, Лондонското око го опишуваат како највисоко [[тркало за набљудување".Тоа нудеше поглед на градот од највисока гледна точка сè додека не го замени 245 метарската палуба за набљудување на 72-риот спрат од Шард, која беше отворена за јавноста на 1 февруари 2013 година.Лондонското око се наоѓа во лондонската општина Ламбет, веднаш до западниот крај на Џубили Гарденс (предходно сосед на поранешниот Дом оф Дискавери), во Саут Бенк на реката Темза меѓу мостовите Вестминистер и Хангерфорд.
Comments
Post a Comment