Пабло Пикасо

Пабло Пикасо, формално Пабло Луис Пикасо бил шпанско-француски сликар, кој се смета за еден од најголемите мајстори на сликарството во 20. век. Заедно со Жорж Брак, тој е најпознат како основач на кубизмот. Посебно место во неговиот уметнички опус заземаат композициите „Госпоѓиците од Авињон“, „Герника“ и големата ѕидна слика во палатата на УНЕСКО во Париз.  


 Работата на Пикасо често се категоризира во неколку периоди: Син период, Розов период, период под влијание на африканската уметност, аналитичкиот кубизам и периодот на синтетичкиот кубизам. Се тврди дека неговото најпознато дело е описот на бомбардирањето на Герника во Шпанија. Герника ги претставува нехуманоста, бруталноста и безнадежноста на војната. Сликата многу години била изложена во Музејот на современа уметност во Њујорк. Пикасо не дозволувал сликата да се врати во Шпанија сè додека таму повторно не биде воспоставена демократијата. Во 1981 година, сликата „Герника“ била вратена во матичната земја и, од 1992 година, таа е една од главните атракции на Мадридскиот музеј Reina Sofia.
Пикасо умрел во својата вила, во малото место Мужен, на француската ривиера.

Comments