Пирамидите во Египет

Image result for пирамидите во египедЕгипетските пирамиди се антички пирамидално обликувани ѕидни конструкции кои се наоѓаат во Египет. Постојат 138 пирамиди откриени во Египет до 2008 година. Повеќето биле изградени како гробници за фараоните на земјата и нивните сопруги за време на периодите на старото и средното кралство. Најрано откриените египетски пирамиди кои се наоѓаат во Сакара, северозападно од Мемфис. Најраната меѓу нив е пирамидата Џосер (изградена 2630 п.н.е.-2611п.н.е.) која била изградена во текот на третата династија. Оваа пирамида и нејзиното целокупно опкружување беа дизајнирани од архитектот Имхотеп и генерално се сметаат за најстарите монументални градби во светот конструирани од обликуван камен и малтер. Најпознатите египетски пирамиди се оние кои се наоѓаат во Гиза, во предградието на Каиро. Неколку од Гиза пирамидите се вбројуваат меѓу најголемите градби што некогаш биле изградени. Пирамидата на Хуфу во Гиза е најголемата египетска пирамида.Тоа е само едно од седумте чуда на античкиот свет кое се уште постои.


Comments