Њујорк


Њујорк  е најгусто населениот град во САД, и центар на метрополитенската област Њујорк, која е едно од најгусто населените урбани области во светот. Како град кој се смета за глобален водич, Њујорк влијае врз светската трговија, економија, култура, мода и забава. Како домаќин на седиштето на Обединетите Нации, претставува и јадро на меѓународните односи. Кога се зборува за градот, најчесто се користи неговото цело име градот Њујорк, со цел да се разликува од сојузната држава Њујорк, од која истоимениот град е дел.



   Лоциран на природно пристаниште на брегот на Атлантскиот Океан во североисточниот дел       на САД, градот се состои од пет урбани подрачјаБронкс, Бруклин,Mенхетн , Квинс и Стејтн           Ајленд. Проценетата населеност на градот за 2008 година достигнува 8,3 милиони жители, и       со површина од 790 km², Њујорк е најгусто населениот голем град во САД. Населението                 во метрополитенската област Њујорк е исто така во најголем број во државата, со 18,8                 милиони во област од 17.400 km² Исто така, и пошироката област на Њујорк, која во 2008               година била дом на 22.155 милиони. Њујорк е основан како трговски центар од страна                   на Холанѓаните во 1624 година. Тогашното гратче било именувано Нов Амстердам се до 1664       година кога колонијата потпадна под контрола на Англија. Њујорк започнува да се смета за           главен град на САД во периодот од 1785 се до 1790 година. Градот, како најголем од сите             градови во САД, почнува да важи како таков од 1790 година.

Comments