Првиот цртеж на Месечината го направил Галилео Галилеј во 1609година. Најниските подрачја на Месечината се огромни сиви површини кои понекогаш можат да се забележат и со голо око. Тие рамници во 1651 година Џовани Ричоли ги нарекол мориња, иако во нив нема вода. Овие мориња не се еднолични рамници, бидејќи во нив се забележуваат набори, кои понекогаш личат на ѕидови, долги по неколку стотини километри, и пукнатини, кои личат на речни корита. По рабовите на рамниците се протегаат големи планински венци, кои носат имиња на планините на Земјата , . Највисоката точка на Месечината се наоѓа на планините Лајбниц(Leibniz), кои се наоѓаат на месечевиот јужен пол, каде некои врвови достигнуваат и 9.000 метри.
Comments
Post a Comment