Алберт Ајнштајн — германски теоретски физичар, најпознат по неговата теорија на релативноста и теоријата за Еднаквост на масата и енергијата, . Ајнштајн ја добил Нобеловата награда за физика во 1921 година „за неговата работа во полето на теориската физика, а особено за неговото откритие на фотоелектричниот ефект.
Во огромниот број на придонеси на Ајнштајн кон физиката се вбројува неговата специјална теорија на релативноста, која ги споила механиката и електромагнетизмот, и неговата општа теорија на релативноста, која ја проширила теоријата на релативноста за нерамномерното движење, создавајќи нова теорија на гравитација. Има бројни придонеси во полињата на релативистичка космологија, капиларна акција, критична опалесценција, класични проблеми на статистичката механика и нивната примена во квантната теорија, објаснување на брауновото движење на молекулите, веројатности на атомската транзиција, квантната теорија на едноатомски гасови, термодинамичките својства на светлината со ниско ниво на радијација (со што ги дава темелите на теоријата на фотони), теорија за радијација вклучувајќи стимулирана емисија, концептот на теоријата на унифицирани полиња и придонеси кон физичката геометризација.
Comments
Post a Comment